16 август 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ излезе со реакција на последните настапи на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја опозицијата дека се обидува да ја избегне одговорноста за скандалот со злоупотребите во програмата „Еразмус+“ и милионските шеми поврзани со нив.
Во партиското соопштение се вели дека наместо да одржува „катастрофални прес конференции“ и да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор на јавноста зошто министерот Панче Тошковски пред еден месец во Министерството за внатрешни работи го вработил разрешениот судија Лазар Нанев.
„Познато е дека токму Тошковски го вработи Нанев како инспектор во Кавадарци, и тоа во време кога против него се води кривична постапка. ВМРО-ДПМНЕ треба да праша што му должи Тошковски на Нанев и по кој основ го вработил од невладина организација“, наведуваат од СДСМ.
Партијата дополнително прашува дали Нанев „одработувал“ за министерот Тошковски и повикува наместо лажни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов, а Јавното обвинителство да постапи врз основа на наодите на ОЛАФ и да обезбеди процесуирање на сите инволвирани лица.
„Одговорност мора да има и тоа веднаш“, стои во реакцијата на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден