07 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ реагираше на најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски за кампањи поврзани со „семејни вредности“, истакнувајќи дека демографските предизвици не можат да се решат со вакви мерки, туку преку вистинско подобрување на животниот стандард и создавање јасна перспектива за младите луѓе.
„Наместо да создаде услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди никаква јасна перспектива за иднината,“ се наведува во соопштението од СДСМ.
Според партијата, денешните млади се оставени без надеж, со уништен стандард и недоволни плати, додека дополнително се најавуваат нови даноци кои ќе ја влошат ситуацијата. „Со вакви политики, Мицкоски за кратко време ќе ги избрка сите од државата“, предупредуваат од СДСМ.
Партијата смета дека проблемот со намалениот наталитет не се решава преку „едукација за семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и социјална сигурност.
„Младите не заминуваат затоа што не сакаат да создадат семејства, туку затоа што не можат да си го дозволат тоа“, порачуваат од СДСМ, обвинувајќи ја владата за класични десничарски политики кои, како што велат, го намалиле стандардот за 20% додека се збогатува само елитата околу премиерот.
Од СДСМ потенцираат дека вистинска поддршка за младите значи најпрво да им се обезбедат услови да останат во Македонија и да градат своја иднина тука, а таква политика, според нив, од актуелната власт нема.