21 февруари 2026
• од Гоце Кически
СДСМ денеска преку соопштение упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи за, како што велат, „континуирано демонстрирање луксуз“ од страна на функционери поврзани со партијата.
Повод за реакцијата е појавувањето на сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на партиски настан со брендирана чанта „Хермес“. Од СДСМ тврдат дека станува збор за модел Hermes Mini Kelly 2 (20 cm), чија цена, според нив, се движи меѓу 28.000 и 33.000 долари.
„Додека работниците едвај врзуваат крај со крај и протестираат за повисоки и достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи“, наведуваат од партијата.
Во соопштението, СДСМ ја поврзува оваа појава со, како што оценуваат, лошата состојба во главниот град. Тие посочуваат дека Скопје се соочува со проблеми со хигиената и јавниот превоз, тврдејќи дека граѓаните чекаат со часови автобус и се возат во небезбедни возила.
Опозициската партија дополнително поставува прашања за тоа како јавноста гледа на, како што го нарекуваат, „луксузно-моден патриотизам“, повикувајќи на одговорност од владејачката партија.
Воедно, СДСМ алудира и на наводни „криминални тендери“ поврзани со компаниите „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, без да изнесе дополнителни докази во соопштението.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

