18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара итна реакција од Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за спорт, Македонскиот олимписки комитет и македонските фудбалски клубови, поради навредливи изјави кон жени од страна на Миленко Неделковски, извршен директор на ФК Вардар.
На прес-конференција, Панче Милевски – Панта од Комисијата за спорт на СДСМ изјави дека навредите се недозволиви во време кога земјата се соочува со раст на насилството врз жени и случаи на фемицид.
„Најтрофејниот македонски клуб не смее да си дозволи да има вакви личности во своите редови. Бараме Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар“, порача Милевски.
СДСМ оценува дека ниту спортот, ниту навивачите и граѓаните не заслужуваат претставник кој шири омраза и навреди. Партијата повика на јасна осуда и санкции од сите надлежни институции, како и од јавни личности и спортски здруженија.
„Спортот е вредност што промовира фер-плеј, почит и еднаквост. Во спортот нема место за ликови како Миленко Неделковски“, нагласи Милевски, додавајќи дека молкот на ВМРО-ДПМНЕ би значел соучесништво и охрабрување на насилството.
Од СДСМ истакнаа дека прашањето не е политичко, туку прашање на безбедност, достоинство и почит кон жените, повикувајќи на нулта толеранција за навреди и говор на омраза во спортот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден