14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Скандалот со наводните злоупотреби на европски средства преку програмата Еразмус+, вреден милиони евра, мора целосно да биде истражен од Обвинителството и да следи соодветна одговорност, порачува СДСМ во соопштение до јавноста.
Според партијата, Владата неодамна назначила лице кое се наоѓа под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за вршител на должност директор на Националната агенција. Овој потег, велат од СДСМ, е доказ дека власта е подготвена да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, како и да се обиде да влијае на предметот кој веќе е во постапка во Јавното обвинителство откако ОЛАФ го доставил официјалниот извештај со сите наоди.
Во извештајот на ОЛАФ од 2023 година, се наведува дека постои основан сомнеж за злоупотреба на повеќе од 2,2 милиони евра европски пари во периодот на владата на Никола Груевски, почнувајќи од 2016 година.
СДСМ бара Владата итно да ја разреши Ана Михајлов од позицијата и Јавното обвинителство без одлагање да постапи по наодите на ОЛАФ.
„За злоупотреби нема место во образованието. Одговорност мора да има,“ порачуваат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден