09 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) побара итна одговорност за, како што го нарекува, „режимскиот упад“ на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.
Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, во одговор на новинарско прашање изјави дека настанот претставува „јасен доказ дека режимот се врати“. Според него, измените на законите за полиција и за внатрешни работи, донесени по предлог на Панче Тошковски, ја претвориле полицијата во „партиска алатка за незаконски разрешувања и политички притисок пред избори, со цел поставување кадри на ВМРО-ДПМНЕ“.
СДСМ бара да престане, како што наведуваат, „незаконскиот прогон“ врз директорката Маја Лозановска, како и одговорност за сите лица кои ја злоупотребуваат полицијата за политички цели.
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода