23 октомври 2025
• од Гоце Кически
Опозициската партија СДСМ денеска на прес-конференција побара јасни и недвосмислени одговори од премиерот Христијан Мицкоски околу информациите за можни договори со Велика Британија за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови на територијата на Македонија.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека владата неколку дена престојувала во Велика Британија, но избегнува да одговори на прашања кои, како што рече, „го потресуваат регионот и предизвикуваат сериозна загриженост кај јавноста“.
„Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномирани британски медиуми, фокусот на средбите на британската влада било токму ова прашање. Нашата влада сè уште нема излезено со ниту една точна информација. Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие,“ изјави Кузеска.
Таа посочи дека премиерот Мицкоски одбил интервју за влијателниот британски медиум „Тајмс“, а за македонската национална телевизија дал, како што рече, „само штур одговор“.
Според информациите кои, како тврди СДСМ, пристигнале од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции во земјите од регионот, но тие доаѓаат во пакет со разговори и понуди за отворање кампови за мигранти.
„Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави и кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јавно да одговори,“ нагласи Кузеска.
СДСМ упати неколку конкретни прашања до Владата:
„Граѓаните имаат право да знаат што точно се разговара. Ова не е прашање за кое Мицкоски може сам да носи одлуки без транспарентност. Ако нема договор — зошто тогаш нема јасен демант?“, порача портпаролката.
СДСМ побара Владата итно да излезе пред јавноста со конкретни информации и документи за содржината на разговорите во Лондон. Од Владата засега нема официјален одговор на овие обвинувања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден