11 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ повторно побара од ВМРО-ДПМНЕ јасен став во однос на предлог-Резолуцијата за заштита на Македонија од мигрантски притисоци, нагласувајќи дека од опозициската партија цел ден нема никаков одговор. Во соопштението, кое МИА го пренесе интегрално, се вели дека јавноста со право очекува прецизен став од најголемата опозициска политичка сила.
Од СДСМ посочуваат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал изјава во текот на денот, но, според нив, избегнал конкретен одговор дали партијата ќе ја поддржи Резолуцијата или не.
„Мицкоски вртеше во круг, без јасен став. Го нема ниту ВМРО-ДПМНЕ да одговори. Цел ден ги чекаме“, стои во реакцијата на владејачката партија.
СДСМ повторно поставува едноставно прашање: дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потпише Резолуцијата за мигрантите или ќе одбере да остане без јасна позиција по, како што велат, клучно национално и безбедносно прашање.
„Работата не е завршена“, порачуваат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, додавајќи дека очекуваат опозициската партија да излезе со јасен и недвосмислен одговор.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

