25 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) побара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита, како што велат, незаконското непостапување на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со изборот на вицегувернери.
Во соопштение за јавност, од СДСМ наведуваат дека постојат сериозни индиции за прекршување на законските обврски и свесно блокирање на институционалниот процес.
Според партијата, Законот за Народната банка јасно предвидува дека вицегувернерите се именуваат од страна на Собранието, исклучиво на предлог на гувернерот. Со недоставување на предлог, велат од СДСМ, директно се блокира законската процедура.
„Член 55 утврдува дека испразнето место мора да се пополни најдоцна во рок од два месеца по истекот на мандатот. Овој рок е обврзувачки, а не препорачлив“, се наведува во реакцијата.
Од таму посочуваат дека мандатите на вицегувернерите истекле во октомври 2025 година, а законскиот рок за нивно пополнување завршил во декември 2025 година.
СДСМ тврди дека и покрај истечените мандати, вицегувернерите продолжиле да учествуваат во носење одлуки, што, според нив, го доведува во прашање легитимитетот на институцијата.
Дополнително, обвинуваат дека во тој период им биле исплатувани плати и дека биле носени одлуки во, како што велат, „нелегитимен состав“, што може да создаде правна и финансиска несигурност.
Партијата укажува на неколку клучни сомнежи:
Исто така, предупредуваат и на можен судир на интереси, наведувајќи дека актуелен вицегувернер со истечен мандат е кандидат на истиот оглас.
СДСМ бара ОЈО да утврди:
„Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата“, порачуваат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека очекуваат институционална разрешница и одговорност за, како што велат, евентуалните прекршувања.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

