македонија30 октомври 2024 СДСМ бара итна седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР
СДСМ бара итна седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, на која новиот директор на АНБ, Христовски треба да одговори за наводните прекршување на законот.
„ДПМНЕ го одбра тренерот по кик бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат. Агенцијата за национална безбедност денес не е истата онаа од времето на Горан Грујоски и Сашо Мијалков, денес оваа Агенција има углед во НАТО безбедносно разузнавачката заедница и е вклучена во активности и проекти од стратешки интерес за државата, но и НАТО приоритетите. Но, очигледно дека ДПМНЕ дава се од себе овој углед да го уништи и да го врати како во времето на фамилијата. И токму затоа имаме многу прашања кои се од значење за иднината на државата“, изјави на прес-конференција во Собранието пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Опозициската партија не се откажува и од кривичната пријава. Според СДСМ актуелната влада направила сериозен удар врз безбедносните служби.