11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Единаесет дена молк од власта. Нема одговор како 5 тони дрога, според одредени проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија.
Прашањето е јасно: кој ќе понесе одговорност?
Молкот од институциите не е случајност, туку сериозен индикатор дека овој скандал може да води до највисоките ешалони на власта и дека постојат обиди за негово заташкување. Ваква обемна шверцерска операција не може да се реализира без логистичка поддршка и координација од структури во институциите – во МВР, во Царинската управа и во други надлежни органи.
Дополнително, информациите објавени во медиумите во Србија отвораат нови сомнежи. Според тие наводи, уапсен функционер на Српска напредна странка, поврзан со запленетите 5 тони дрога во Крушевац, бил близок со министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ.
Доколку овие информации се точни, се отвораат дополнителни прашања за можни регионални и политички релации поврзани со овој случај.
Се поставува прашањето и дали нарко-скандалот води до Ивица Томовски, директор на СОЗР и новоименуван организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Каква е поврзаноста на фирми на негови роднини со лица или структури кои се доведуваат во контекст со случајот?
Јавноста има право да знае:
Молкот мора да престане. Потребна е итна, темелна и транспарентна истрага со целосно расветлување на случајот.
Одговорност ќе има – за сите инволвирани, без разлика на функцијата или партиската припадност
**Соопштение за јавност - СДСМ**Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

