20 јануари 2026
• од Гоце Кически
Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомнение дека ги сторил кривичните дела што му се ставаат на товар.
По оценка на објективните услови неопходни за определување мерка за обезбедување присуство, како и на субјективните околности што ја оправдуваат таквата мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор.
Дополнително, обвинителството предложи и определување мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Ова процесно дејствие следува по претресите извршени од полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, по барање на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка. Претресите биле спроведени на подрачјето на Неготино, со цел пронаоѓање предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела.
При претресот, во соѕидан простор во ѕидот, до овој момент се пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

