05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а денес лидер на Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, изјави дека не чувствува никаква вина ниту одговорност за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Во изјава дадена пред новинарите, Салиу нагласи дека има целосна доверба во институциите и дека верува оти правосудниот систем ќе го разгледа случајот праведно и објективно.
„Апсолутно во тој поглед не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и во правосудните органи. Сигурен сум дека правилно ќе ги разгледаат сите аргументи и околности поврзани со случајот“, изјави Салиу, нагласувајќи дека како правник и доктор по политички и правни науки, цврсто стои зад својата невиност.
Иако неговото име е поврзано со истрагата, Салиу се повика на принципот на презумпција на невиност.
„Се водам од општата правна иницијатива – додека не се докаже вината, секој е невин“, додаде тој.
Истрагата за причините за пожарот и можната одговорност на надлежните е сè уште во тек. Јавноста внимателно ги следи сите информации поврзани со еден од најтрагичните инциденти во поновата историја на земјата.