МАКЕДОНИЈА

САД воведоа царини, С. Македонија ги укина – економски потег или капитулација?

30 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

Ако мислевте дека дипломатијата е вештина на рамноправна размена, помислете повторно. С. Македонија, откако доби шамар од администрацијата на Доналд Трамп во форма на 33% царина за македонските производи, одлучи... да се поклони и да каже: „Повелете, ние ќе ви ги укинеме сите наши давачки.“

Да, добро прочитавте. Наместо да воведеме реципрочни мерки, или барем симболично да покажеме дека знаеме што значи национално достоинство во меѓународната трговија, владата на С. Македонија реши великодушно да им направи услуга на Американците. Не само што нема да ги казниме, туку ќе ги наградиме — со целосно бесплатен увоз.

Според логиката на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, овој потег ќе ја зголеми конкуренцијата на домашниот пазар. Да, затоа што најдобар начин да ги поддржиш домашните производители е... да ги натераш да се борат со американски корпорации на сопствен терен, без никаква заштита. Звучи како план што би го смислил некој што добил економска диплома од YouTube.

И сето тоа – под изговор дека САД ни биле „стратешки партнер“. Ако ова е стратегија, тогаш се чини дека сме во шах-мат позиција уште пред да го помрднеме првиот пион. Што следно? Ќе им праќаме бесплатно струја и вода во знак на добра волја?

Ајде да бидеме искрени – ова не е економска политика, ова е дефанзивна капитулација завиткана во евроатлантска хармонизација. Ако целта е да се хармонизираме со ЕУ, зошто тогаш се хармонизираме со Вашингтон?

Во сè ова, единствената логика изгледа е политичка: „Ако не можеш да победиш, барем пушти ги дома да ти го испразнат фрижидерот.“

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени