МАКЕДОНИЈА

С. Македонија и Бугарија го забрзуваат договорот за железнички тунел на Коридор 8

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

С. Македонија и Бугарија се договорија во најкус можен рок да го финализираат договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел кој ќе биде дел од Коридор 8 и ќе ги поврзе двете држави. Ова беше потврдено на средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт и врски на С. Македонија, Александар Николоски, и вицепремиерот и министер за транспорт и комуникации на Бугарија, Гроздан Караџов, одржана во рамки на Глобалниот форум за транспортна поврзаност 2025 во Истанбул, соопшти бугарското Министерство за транспорт.

На средбата беше нагласена важноста од модернизација на европските транспортни коридори, со посебен фокус на Коридор 8, како предуслов за регионален економски развој и полесно движење на стоки и луѓе.

„Бугарија активно работи на реализирање на Коридор 8. До крајот на јули ќе ја распишеме јавната набавка за изградба на последните 2,4 километри од железничката пруга помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на границата со С. Македонија. Сите процедури се завршени, а финансирањето во износ од 69 милиони евра е обезбедено преку Програмата за транспортна поврзаност 2021–2027. До крајот на 2028 година бугарскиот воз ќе пристигне на Деве Баир“, изјави Караџов.

Тој додаде дека Бугарија ќе инвестира повеќе од 1,5 милијарди евра за модернизација на железничката врска од Софија до границата со С. Македонија.

„Овој проект не е само обврска што произлегува од нашето членство во НАТО, Договорот за добрососедство и неговите протоколи, туку и знак за искрена желба за пријателство меѓу граѓаните од двете страни на границата“, нагласи Караџов.

Двајцата вицепремиери се договорија наскоро да одржат нова средба за да го усогласат текстот на договорот за изградба на железничкиот тунел. Дополнително, ќе бидат испратени експерти да учествуваат на состанок организиран од Европската комисија во јули посветен на Коридор 8.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени