22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот руски разузнавач Андреј Безруков, полковник во надворешната разузнавачка служба и поранешен таен агент кој работел во САД, јавно го предупреди претседателот Владимир Путин да не патува во Будимпешта, тврдејќи дека Обединетото Кралство наводно подготвува атентат врз него, пренесува Express, а објави 4NEWS.mk.
Безруков изјавил дека има „многу сериозни загрижености“ во врска со безбедноста на Путин доколку тој реши да ја посети унгарската престолнина. Според него, „целиот менталитет на Британците е структуриран така што ако Путин не постои, тогаш нема проблеми“. Тој додал дека британската владејачка класа е свесна дека „Британија можеби наскоро би можела да престане да постои“, и затоа, според него, не би се воздржала од радикални потези.
Иако Безруков не понудил никакви докази за своите тврдења, неговите изјави предизвикале бурни реакции во руските медиуми и на социјалните мрежи.
Поранешниот шпион предложил средбата меѓу Путин и Доналд Трамп – која во меѓувреме е откажана – да биде преместена во Дубаи, наместо во Будимпешта. Според него, тоа би било „многу побезбедно место“ за одржување ваков состанок.
Андреј Безруков (65) е познат по својата долга кариера како таен агент на руската надворешна разузнавачка служба. Неговата прикриена работа беше откриена во 2010 година, кога ФБИ ја уапси познатата шпионка Ана Чапман, тогаш британска државјанка. Безруков и Чапман беа дел од група од десетмина руски агенти кои истата година беа вратени во Москва во рамките на голема размена на шпиони помеѓу Русија и САД.
Денес, Безруков е професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи (MGIMO) и советник за рускиот државен нафтен гигант Росњефт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден