06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Македонскиот научник Горазд Росоклија, истакнат истражувач во областа на невропатологијата и невроимунологијата, јавно ги отфрли сомнежите дека мозоци од починати лица од Македонија биле изнесувани и користени за научни цели без знаење и согласност на нивните семејства.
Во интервју за Канал 5 телевизија, Росоклија детално ја објасни постапката што се применува при земање ткива за научни истражувања, нагласувајќи дека процесот е строго регулиран и се темели на јасна, доброволна и писмена согласност.
„На член на семејството на починатото лице му се дава информативно писмо, по што следува разговор во кој прецизно се објаснува што се бара од нив и за кои цели би се користело ткивото. Доколку семејството се согласи, разговорот продолжува со психолог или психијатар, а пред неговиот почеток задолжително се потпишува консент форма“, објасни Росоклија.
Тој потенцира дека без потпишана согласност не е можно да се работи со било какво ткиво. „Секое семејство има потпишано консент форма и само врз основа на тоа можеме да работиме со тоа ткиво. Сите тие консент форми јас ги чувам, иако по пет години по завршување на проектот не постои законска обврска тие да се чуваат, јас сепак ги чувам“, истакна тој.
Росоклија од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија во Соединетите Американски Држави и зад себе има долгогодишна меѓународна научна кариера. Според него, етичките стандарди и почитувањето на достоинството на починатите и нивните семејства се темелни принципи без кои не може да постои сериозно научно истражување.
Со оваа изјава, Росоклија порачува дека јавноста треба да биде информирана врз основа на факти, а не шпекулации, и дека сите истражувања се спроведувале транспарентно и во согласност со меѓународните медицински и етички норми.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

