македонија10 февруари 2025 Романот „Ѕвезди под клепачите“ на Николај Терзијски претставен во Скопје
Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, беше претставен романот „Ѕвезди под клепачите“ на современиот бугарски писател Николај Терзијски.
Литературниот настан, организиран со поддршка на Канцеларијата „Креативна Европа“ во Република Северна Македонија и Издавачкиот центар „Три“, кој е издавач на книгата во земјата, привлече големо внимание. На претставувањето присуствуваа претставници од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, како и од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
За време на својот престој во Скопје, писателот Николај Терзијски ја посети Бугарскиот културно-информативен центар – Скопје, каде што оствари средба со директорката Антонија Велева. Во знак на пријателство и поддршка, Терзијски подари примерок од својата книга за библиотеката на Центарот.
Оваа литературна вечер не само што го истакна богатството на современата бугарска литература, туку и ја зајакна културната соработка меѓу двете земји, поттикнувајќи понатамошна размена на идеи и книжевни вредности.