18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од денес до 24 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост, по седми пат се одржуваат Деновите на медиумската писменост 2025. Членовите на Мрежата и нивните поддржувачи ќе реализираат повеќе од дваесет настани на различни локации низ државата, а дел од активностите ќе се одвиваат и онлајн. На овој начин земјата се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.
На денешната Конференција за медиумска писменост 2025 под мотото „ЕУ – Западен Балкан“, во организација на Делегацијата на Европската Унија, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, нагласи дека овогодинешните активности се насочени кон охрабрување на критичкото размислување и поттикнување одговорно однесување во дигиталниот простор.
„Денес, повеќе од кога било, не е доволно само да ги препознаеме дезинформациите – потребно е да реагираме, да споделуваме знаење и да бидеме активни граѓани“, истакна Трајчевски.
Од АВМУ информираат дека конференцијата претставува клучен регионален настан на Европската служба за надворешни работи во областа на медиумската писменост, а годинава токму конференцијата во Скопје го означува и официјалниот почеток на Деновите на медиумската писменост.
Амбасадорот на ЕУ во земјата, Н.Е. Михаилис Рокас, укажа на значењето на медиумската писменост во време кога социјалните мрежи, вештачката интелигенција и странските манипулативни влијанија ја менуваат начинот на кој граѓаните доаѓаат до информации.
„Медиумската писменост е едно од најсилните средства што ги имаме за да ги заштитиме нашите општества. Кога луѓето умеат да препознаат лажна содржина, критички да ги преиспитуваат информациите и да бараат доверливи извори, тие стануваат активни чувари на демократијата“, нагласи Рокас.
Тој додаде дека ова е една од основните идеи зад иницијативата на ЕУ – „Европски штит за демократијата“, која има за цел да ја зајакне заедничката отпорност на манипулативни информации и дезинформации.
Конференцијата се фокусира на повеќе актуелни теми, меѓу кои:
За потребите на Деновите на медиумска писменост 2025 се подготвени видео и аудио клипови на македонски, албански и англиски јазик, кои веќе се емитуваат во медиумите со цел да информираат што поголем број граѓани. Оваа година промотивните видеа ќе бидат поставени и на видеобими на повеќе локации во Скопје.
Повеќе информации за настаните – во живо или онлајн – како и за медиумските содржини што ќе се емитуваат во рамките на Деновите, може да се најдат на веб-страниците mediumskapismenost.mk и avmu.mk, како и на Facebook, Instagram и YouTube каналите на Мрежата за медиумска писменост.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

