МАКЕДОНИЈА

Родителите на повредените во „Пулс“ сами ја носат тежината на скапото лекување: 40.000 денари месечни трошоци

04 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Родителите на децата повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Скопје секојдневно се соочуваат со сериозни финансиски и емотивни предизвици. Просечните месечни трошоци за третман на едно повредено лице изнесуваат околу 40.000 денари, а помошта од државата – иако најавена – останува речиси незабележлива, пренесува кочанската телевизија „Канал 8“.

Лекувањето на изгореници е долготраен процес кој бара скапи медицински средства и редовна нега. Специјалните лепенки, без кои третманот е невозможен, чинат меѓу 35 и 55 евра по парче, а потребни се неколку секоја недела. Само за медицински материјали, семејствата плаќаат до 500 евра месечно. Дополнителен товар се трошоците за патување, бидејќи контролните прегледи не се вршат локално во Кочани, туку во Скопје. Родителите плаќаат над 100 евра месечно за овие патувања.

„Ни беше ветено дека државата ќе покрие барем дел од трошоците за престојот додека децата се лекуваа во странство, но досега ништо не е реализирано. Сè е на наша сметка“, изјави татко на повредена девојка.

Многу родители беа приморани да ја напуштат работата или да земат продолжено боледување, што дополнително ја влошува нивната финансиска состојба. Освен физичките повреди, децата поминуваат и низ психолошки последици, па потребна е и ментална поддршка, која државата не ја покрива.

Психичката исцрпеност кај родителите е очигледна. Освен што се борат за здравјето на своите деца, многумина изгубија и блиски во трагедијата – што само ја зголемува нивната болка и чувство на напуштеност.

Министерството за финансии информираше дека од државниот буџет досега се обезбедени околу 500.000 евра, од кои 200.000 се наменети за повредените лекувани во странство. Дополнителна помош пристигна преку Црвениот крст, кој собра над 100 милиони денари. Но, според родителите, таа поддршка е недоволна, нередовна и не стигнува до сите на кои им е потребна.

Лекарите предупредуваат дека целосната рехабилитација, заедно со психолошката поддршка, ќе трае најмалку една година. За семејствата, ова е долга и болна борба – не само со последиците од трагедијата, туку и со системот кој, според нив, ги оставил сами.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени