10 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бизнисменот Ристо Крмзов доби мерка притвор од 30 дена и ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Како што потврди неговиот адвокат Ване Андреев за „Скопје1“, Кривичниот суд ја одредил мерката поради сомневање дека Крмзов може да избега, да влијае на доказите или да го повтори делото за кое е осомничен.
„Оваа мерка нема логика – мојот клиент веќе една година се придржува до претходно изречените мерки, како одземена патна исправа и редовно јавување во суд. Нема прекршување, платил и данок, а сега му се изрекува притвор“, изјави Андреев, најавувајќи жалба до Кривичниот совет.
Притворот следи во рамките на поширока истрага што ја води Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиската полиција, УЈП и други институции. Надлежните органи поднеле кривични пријави против 27 физички и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.
Според обвинението, во 2019 година тројца организатори воспоставиле мрежа со учество на управители на фирми, инспектори од УЈП и сметководители. Тие преку компании под нивна директна или скриена контрола издавале лажни фактури и прикажувале фиктивен промет, со што стекнале противправна корист од над 94 милиони евра – на директна штета на државниот буџет.
Истражните органи најавуваат продолжување на постапките против сите инволвирани страни.