МАКЕДОНИЈА

Реакција на Османи: Ние Албанците не сме гости – ова е нашиот дом

11 јуни 2025

• од Тодор Вангелов

Скопје, 11 јуни 2025 година – Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, жестоко реагираше на најновата изјава на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи ја како скандалозна и опасна за внатрешната стабилност на државата.

„Како никогаш досега, имаме премиер кој наместо да работи на зајакнување на внатрешната цврстина на земјата, упорно ги поткопува сите основи на кои се темели нашата внатрешна стабилност,“ истакна Османи.

Тој го обвини Мицкоски дека свесно инвестира во промоција на омразата и нетолеранцијата, наместо да го негува соживотот и меѓуетничката кохезија.

„Прифаќам дека сме политички противници и дека концепциите ни се различни. Но, премиере, вие ја преминувате основната линија на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба,“ рече Османи, критикувајќи го премиерот за навреди, закани и клетви.

Особено внимание предизвика делот од изјавата на Мицкоски во кој, според Османи, се користат алузии на христовата жртва за да се разгоруваат етничка и религиска нетолеранција. „Занесен и јавнат над популистичкиот тигар, не ни знаеш каква штета околу себе нанесуваш,“ предупреди Османи.

Во реакцијата, тој нагласи дека македонскиот јазик е веќе заштитен и потврден во Преговарачката рамка со ЕУ, и ја обвини Владата за непочитување на албанскиот јазик и граѓаните Албанци.

„Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви, но Христијан, имаш еден клучен пропуст во твоето поимање на реалноста: ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини,“ порача Османи.

Тој заврши со пораката дека Албанците не сакаат да ја напуштат земјата, туку тука ја гледаат својата иднина и иднината на своите деца.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени