23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против осум лица, од кои шест од село Марена, а две со потекло од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело. Случајот се однесува на тешка кражба извршена во ноември 2024 година, со која е предизвикана значителна материјална штета.
Според информациите од полицијата, пријавени се: А.А. (26), Ш.А. (30), Е.А. (23), М.А. (22), Р.А. (18) и Г.А. (21), сите од село Марена, за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Дополнително, С.В. (37) со привремен престој во Струмица и А.Ш. (43) од Струмица се пријавени за кривично дело „прикривање“ по член 261.
Истрагата утврдила дека на 22 и 23 ноември 2024 година, првите шестмина пријавени со употреба на подесен алат, од парцела на локација викана Маренски рид, во близина на село Марена, украле електричен кабел кој бил наменет за поврзување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија. Подоцна, останатите двајца – С.В. и А.Ш. – го откупиле украдениот бакар и каблите, со што се сомничи дека ја прикривале кражбата.
Со ваквото дејствие, сторителите предизвикале материјална штета во висина од околу 915.000 денари на правно лице од Скопје.
Надлежното обвинителство ќе ја води понатамошната постапка, додека полицијата продолжува со активности за целосно расчистување на случајот.