МАКЕДОНИЈА

Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници

30 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

На 29 мај 2025 година, во утринските часови, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од селото Гајре, Тетовско, во врска со пукањето што се случи неколку дена претходно во Тетово.

Инцидентот се случил на 26 мај, околу 21:15 часот, на улицата „111“ во Тетово, кога според првичните информации, било пукано со автоматска пушка во правец на куќа сопственост на лицето М.Т. од Тетово. Случајот предизвика вознемиреност кај жителите, а полицијата веднаш започна интензивна истрага.

Малолетниците се приведени на влезот во селото Гајре, на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка. Тие се задржани во полициска станица, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител. Службен разговор е извршен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, согласно процедурите за постапување со малолетни лица.

Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.

Истражните активности продолжуваат со цел целосно расчистување на мотивите и околностите поврзани со инцидентот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени