04 февруари 2026
• од Гоце Кически
Бугарска делегација предводена од вршителот на должноста амбасадор на Република Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, положи венци и свежо цвеќе пред саркофагот на револуционерот Гоце Делчев во дворот на црквата Св. Спас, по повод 154-годишнината од неговото раѓање.
Во изјавата пред присутните, Радуков посочи дека Делчев е личност која, според него, треба да обединува, а не да разделува, и изрази жалење што историските теми и понатаму се извор на недоразбирања меѓу двете држави.
„И секојпат кога стојам пред саркофагот на Георги Делчев, си го поставувам прашањето зошто нешто што треба да нè обединува, толку многу нè разделува“, изјави Радуков.
Тој додаде дека, според бугарската позиција, тешко се прифаќа „улогата на бугарскиот народ и на Бугарите, како Делчев, токму за таа слобода и независност“, и повика на надминување на говорот на омраза и конфронтирачката реторика.
Според информации од терен, годинава немало заедничко одбележување меѓу институциите на двете држави. Бугарската делегација пристигнала подоцна во текот на денот и го реализирала чествувањето одделно.
Очевидци посочија дека венците со бугарската тробојка, поставени од делегацијата, биле отстранети кратко по положувањето. Исто така, беше пријавено дека на приватни лица кои сакале да оддадат почит не им било дозволено да истакнат бугарско знаме во дворот на црквата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

