09 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Сериозен инцидент кој вклучува закани, фалсификувани документи и палење на возило е пријавен во СВР Скопје, откако директорка на основно училиште пријавила континуиран притисок и заплашување.
Според информациите, на 08.04.2026 година во 15:40 часот, 34-годишна жена од скопскиот регион, во својство на директорка на основно училиште, пријавила дека од декември 2025 година па сè до денот на пријавата добивала закани од лице со иницијали З.Р.
Како што наведува пријавителката, причината за заканите била откривање на неправилности при инспекциски надзор спроведен од Државниот просветен инспекторат. При контролата било утврдено дека сопругата на пријавениот, која била вработена во истото училиште, користела фалсификувана диплома.
По констатирањето на случајот, наставничката била разрешена од работното место, што, според директорката, довело до ескалација на заканите од страна на нејзиниот сопруг.
Дополнително, директорката пријавила дека на 31 декември 2025 година, пред нејзиниот дом, ѝ било запалено патничкото возило, што го поврзува со истиот случај.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.
Случајот отвора сериозни прашања за безбедноста на просветните работници, како и за контролата на валидноста на образовните квалификации во образовниот систем.
Албански експерт: Без Албанците, Северна Македонија ќе се распадне за 24 часа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

