Првоаприлска шега или вистинска катастрофа? Владата тивко, Трамп гласно удира!
Доналд Трамп синоќа повторно ја разгори трговската реторика, изјавувајќи дека „компаниите треба да ги произведуваат своите производи во САД ако сакаат да избегнат високи царини“. Оваа изјава доаѓа во момент кога Северна Македонија се соочува со нова трговска реалност: американската влада воведе 33% царини на автобусите што се увезуваат од државата – сериозен удар за индустријата која годишно извезува околу 200 милиони долари во САД.
„Сакаме работните места и фабриките да бидат тука, дома. Ако сакате пристап до нашиот пазар, изградете во Америка,“ изјави Трамп во интервју.
Северна Македонија, која изгради силен репутациски имиџ како производствен центар за автобуси, особено за американскиот пазар, сега може да се соочи со значително намалување на побарувачката.
Владата на Северна Македонија вчера излезе со изјава во која се наведува дека „ќе има мали последици“ од царините и дека „нема потреба од паника“, но по синоќешната изјава на Трамп и официјалната потврда за царините од 33%, дел од јавноста почна да ја смета реакцијата на Владата како „првоаприлска шега“.
Во меѓувреме, компаниите што произведуваат автобуси во Северна Македонија ја разгледуваат можноста за отварање производствени капацитети во САД.