19 февруари 2026
• од Гоце Кически
На почетокот на месецов, известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, престојуваше во земјата каде оствари серија средби со владини претставници, опозицијата, дипломати и граѓански организации, во пресрет на претстојниот извештај за напредокот што се очекува подоцна овој месец.
Според неговиот официјален извештај за средбите, посетата, реализирана во рамки на процедурата за нацрт-извештајот занапредокот на Северна Македонија под надлежност на комитетот АФЕТ, опфати разговори со претставници на Владата, пратеници и нивни советници, како и со претставници на опозицијата. Вајц се сретна и со претставник на Амбасадата на САД, како и со претставници на австриската и бугарската амбасада во Скопје.
Во агендата беа вклучени и средби со повеќе тинк-тенк и граѓански организации, меѓу кои Европскиот политички центар, Метаморфозис, Институтот Социетас Цивилис, ЕЛИАМЕП, Фондациите Отворено општество и Балканската истражувачка мрежа. Дополнително, Вајц разговараше и со женски и граѓански коалиции, како и со претставници на проектот СИДА за управување со отпад.
Она што досега не беше јавно познато е дека неговата прва средба при посетата на 4 февруари била со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија. Според извори, на таа средба присуствувале Љупчо Георгиевски, Атанас Величков и други претставници на бугарската заедница во земјата.
Исто така, на 6 февруари Вајц остварил и средба со бугарската амбасада во Скопје.
Засега не е познато што конкретно било разговарано на овие состаноци.
Посетата на Вајц се смета за дел од подготовките за новиот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија на европскиот пат, кој се очекува подоцна овој месец.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

