02 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Проектот „Безбеден град“ денеска и официјално стартуваше во СВР Скопје, а веќе во првите часови од неговата примена се регистрирани околу 500 сообраќајни прекршоци. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при посетата на компјутерскиот центар на проектот, го оцени почетокот како успешен и во согласност со планираните параметри.
Тошковски истакна дека новиот систем за евиденција на сообраќајните прекршоци, базиран на паметни камери, веќе дава видливи резултати. Според него, во споредба со периодот пред два месеци, кога започнал тест-периодот, бројот на прекршоци е драстично намален.
„Денес е први февруари, некаде околу 20 часот, и имаме значително намалување на бројот на сообраќајни прекршоци. Од над 120.000 регистрирани прекршоци во тест-периодот, денеска бројката е сведена на околу 500. Ова е резултат на совесното однесување на македонските граѓани и учесниците во сообраќајот“, нагласи министерот.
Тој додаде дека ваквиот пристап веќе придонел и за подобрување на безбедноста на патиштата. Според официјалните податоци, бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје е намален за околу 35 проценти, додека бројот на смртни случаи е намален од 11 на 4.
Министерот порача дека со официјалното пуштање во употреба на „Безбеден град“, државата покажува дека е подготвена да имплементира европски вредности и стандарди во сообраќајната безбедност.
„За неколку часа покажуваме дека можеме да примениме поинаков, поефикасен и европски пристап, кој директно придонесува за заштита на животите на граѓаните“, заклучи Тошковски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

