30 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Медицинските сестри од Клиничката болница во Тетово денеска излегоа на протест, изразувајќи го своето незадоволство од лошите работни услови и доцнењето на платите. Според нивните изјави, веќе два месеци не добиле плата, а голем дел од нив веќе со години работат со договор на дело – некои дури и цела деценија.
Протестот се одржа пред влезот на болницата, каде сестрите побараа поголема правна и финансиска сигурност, како и покачување на платите кои, според нив, не ги одразуваат ниту обемот ниту тежината на нивната работа.
„Работиме под огромен притисок и одговорност, а немаме елементарна финансиска сигурност. Оваа ситуација е неприфатлива“, изјави една од медицинските сестри на протестот.
Од управата на тетовската болница велат дека разбираат и сочувствуваат со проблемите на персоналот, но решението, според нив, не е во нивни раце.
„Ние веќе добивме согласност од Министерството за здравство за продолжување на нивните договори, но сè уште чекаме одобрение од Министерството за финансии“, изјави директорот на болницата, Агим Бериша.
Протестот го отвора прашањето за долгогодишните нерешени статуси на медицинскиот персонал во јавните здравствени установи и ја потенцира потребата од институционална реформа и посветеност за заштита на правата на здравствените работници.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници