01 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, денеска околу 13 часот, била пронајдена значителна количина на дрога на покривот од објектот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 13:55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, по претходно добиени оперативни информации. При спроведена внатрешна контрола, на покривот од затворот биле пронајдени и одземени 25 паковки со кафеава прашкаста материја и марихуана.
Полициски екипи извршиле увид на местото и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот. Неофицијално, се испитува дали е можно дрогата да била доставена од надворешни лица со помош на беспилотни летала или преку внатрешна соработка.
Од МВР најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на истрагата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден