03 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Планинар од Прилеп, кој претпладнево беше пријавен за исчезнат на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“, е пронајден жив и здрав и безбедно се наоѓа во населеното место Нижо Поле.
Информацијата ја потврди директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, кој изјави дека планинарот најверојатно избрал друга патека при движењето низ планината, по што пристигнал во селото.
„Планинарот беше достапен на телефон во еден период, но подоцна сигналот се изгуби. Случајот беше пријавен во СВР Битола и со екипа од ЈУ Национален парк ‘Пелистер’ се упативме на терен. Околу 15:50 часот бевме информирани дека лицето безбедно пристигнало во населеното место Нижо Поле“, изјави Тошевски.
Надлежните служби апелираат до сите посетители на планинските подрачја да се придржуваат до обележаните патеки, навремено да ги информираат блиските за своите планови и да користат соодветна опрема, со цел да се избегнат слични ситуации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

