30 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорот Гордан Калајџиев остро реагираше на одлуката на Јавното обвинителство да го отфрли обвинението против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, поврзано со валидноста на неговиот TOEFL сертификат за познавање на англиски јазик.
Во својот јавен коментар, објавен на социјалната мрежа Фејсбук, Калајџиев изрази длабоко разочарување и гнев поради, како што вели, континуираното потценување на интелигенцијата на граѓаните и неказнивоста на институционалните неправилности.
„Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи. Ова со сертификатот на директорот на АНБ е одговор на прашањето кога Македонија ќе стане правна држава наместо удбашка: НИКОГАШ!!!“, напиша Калајџиев.
Тој отворено го повика Обвинителството и надлежните институции да го објават, како што рече, „срамниот“ одговор за сертификатот, за кој посочи дека наводно потекнува од Бугарија, имплицирајќи дека може да се работи за невалидна или фалсификувана исправа.
Овој случај повторно ја отвора дебатата за транспарентноста и одговорноста на институциите, особено кога станува збор за кредибилитетот на оние што се поставени на чувствителни и високи државни позиции.
Реакцијата на Калајџиев предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде многумина го поддржаа неговиот став, додека други побараа посериозен ангажман од страна на правосудните органи за расветлување на случајот.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници