МАКЕДОНИЈА

Професорката Христова: Македонските Бугари не се непријатели, туку наши сограѓани

02 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Професорката по француски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Дореана Христова, остро реагираше на јавната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од 1 јуни, во која тој ги омаловажи критиките од официјална Бугарија и ја етикетираше бугарската декларација за заштита на македонските Бугари како „вулгарна и непотребна“.

Во својата реакција, Христова го нарече Мицкоски „машинистички премиер“ кој, како што вели, „со дрско диктаторско право си дозволува да држи лекции за лингвистика и историја на јазикот, иако истите ги користи за идеолошки спектакли“.

„Како може некој кој јазикот го разбира само како средство за дневна политика да зборува за ’вековната историја‘ на македонскиот јазик, кога јасно е дека неговата службена кодификација се случила во 1944-45 година? Пред тоа, јазичниот простор беше под српско влијание, а македонските интелектуалци беа прогонувани и затворани“, потенцира Христова.

Таа го спомена и Венко Марковски, еден од авторите на македонската кодификација, кој, според неа, „беше жртва на истиот репресивен механизам што денес повторно се активира преку нови флоскули на власта“. Христова додава дека не може да се зборува за вистинско почитување на македонскиот јазик додека тој и денес се карикира на институционално и медиумско ниво, без јазични коректори и без елементарно почитување на стандардот.

Во однос на односите со соседите, професорката предупредува дека антисоседската реторика што ја практикува актуелната влада може да има сериозни последици. „Не е само Бугарија таа што предупредува – и Грција сè погласно најавува дека добрососедскиот договор е под ризик. Мицкоски, во својата реторика на 'враќање кон 1946-та', всушност не враќа во времето на Колишевски – времето на репресија и интелектуален мрак.“

Христова подвлекува дека јазикот е научна и културна категорија, а не митолошка приказна за политички потреби: „Во светот, староста на еден јазик се мери според кодификацијата, не според пропагандата. Сè друго е симулација и инструментализација.“

Со вакви критики, професорката Христова не само што ја брани научната и историска вистина за македонскиот јазик, туку и предупредува на опасноста од повторување на тоталитарни практики под маската на „патриотизам“.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени