07 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Од навреди кон генералниот секретар на НАТО до напади врз активисти — јавната реторика на професор на Воената академија и коалициски партнер во власта отвора сериозни прашања за институционална одговорност, пишува ЦИВИЛ Медиа.
Петар Богојески е шеф на малата политичка партија Македонски концепт, коалициски партнер во владата на Христијан Мицкоски. Воедно, тој во јавноста се претставува и како професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Иако има јавни функции кои налагаат минимум воздржано и пристојно однесување, Богојески е чест „гостин“ во мониторингот на ЦИВИЛ со своите објави на социјалните мрежи во кои користи реторика која често се оценува како говор на омраза на етничка и верска основа.
Овојпат, Богојески се „прослави“ со навредлива објава насочена кон генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој во својата скандалозна објава го нарекува првиот човек на Алијансата – „бРуте“ – алузија на познатата фраза од Јулиј Цезар „Et tu, Brute?“ („Зар и ти, сине Бруте?“), која симболизира предавство.
Во објава на социјалните мрежи на 5 март, Богојески го нарече Руте „ова комунистов“, додека со потценување ја споменува и Радмила Шекеринска, заменичка генерален секретар на НАТО:
„ОВА КОМУНИСТОВ бРуте дојде во Македонија да промовира НАТО вредности или шеќерка да ни ја шитка на домашен пазар?“.
Објавата на Богојески не е само сарказам. Кога вакви квалификации доаѓаат од професор на Воена академија во земја членка на НАТО, тие неизбежно стануваат и институционален и политички проблем. Како професор на Воената академија и лидер на политичка партија – коалициски партнер во власта – тој во јавноста не се претставува само како поединец, туку и како лице поврзано со институции од системот на одбраната.
Објавата на Богојески доаѓа веднаш по посетата на генералниот секретар на НАТО на Северна Македонија – земја членка на Алијансата. Реторика со потсмев и дискредитација на НАТО функционери најчесто се слуша од политички субјекти со изразена проруска или анти-НАТО ориентација, како Левица, Родина и Единствена Македонија. Токму затоа, ваквите квалификации отвораат сериозни прашања за политичката култура и институционалната одговорност кога доаѓаат од универзитетски професор на Воената академија и лидер на партија коалициски партнер во власта.
Да потсетиме, Богојески беше назначен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во април 2025 година. Неговото именување тогаш предизвика реакции во јавноста, а Европската комисија најави дека ќе побара објаснување од Министерството за образование за изборот на раководител на институцијата што ги управува програмите „Еразмус+“ и „Европски солидарен корпус“. Овој потег беше протолкуван како сигнал дека неговите претходни јавни настапи веќе предизвикале критики и внимание од домашната и меѓународната јавност.
Но тоа очигледно не го спречи Богојески да продолжи со старите навики и речиси секојдневно да се појавува на социјалните мрежи со навредливи објави и реторика која често предизвикува реакции во јавноста.
Еден од многуте примери за ваквото однесување го опфаќа и неговиот чест таргет – ЦИВИЛ.
По воената интервенција на Соединетите Американски Држави и Израел во Иран, Богојески повторно се појави со објава на Фејсбук на 2 март, во која објави видео креирано со вештачка интелигенција, проследено со навредлива реторика насочена кон претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, кого го доведе во релација со уште две личности познати во јавноста.
Во објавата, Богојески пишува:
„ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА ШАРЕНИТЕ ТАЛИБАНЦИ! Од хамас остана само зајков мамас во Дубаи! Ја запалија куќата на Енвер Хоџа… остана без домот свој, димче оџа! Серала остана без кинеска дерала! Во Иран само пепел остана од еден тиран! Персиха…“.
Објавата предизвика бројни реакции и осуди на социјалните мрежи. Еден од коментарите, од граѓанинот Бурим Идризи, гласи:
„Кога човек нема ништо вредно во себе, почнува да слави туѓа несреќа. Тажно, ама очигледно. Да се радуваш на мртви невини луѓе не те прави ‘јак’, туку празен. Толку празен што ни ехо нема што да ти врати“.
На ова Богојески одговорил со иронична реплика:
„Живи се овие бре! Тројцата“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

