22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорот Дејан Трајковски со остра реакција на социјалните мрежи ја коментира моменталната состојба со отпадот во главниот град, поврзувајќи ја со политичките избори и одлуките на граѓаните. Во својата објава на „Фејсбук“, тој ја опиша ситуацијата во Скопје како „симболична уметничка инсталација“ на благодарноста што скопјани ѝ ја упатиле на власта.
„Додека сметот мириса, мириса и глупоста на тие што гласале за истата власт што ги довела дотука“, напиша Трајковски, додавајќи дека секое кесе и секој изгниен остаток од храна е „материјален доказ дека пропагандата им успеала“.
Тој оцени дека граѓаните не се изневерени од политичарите, туку дека властите „само точно го исполниле она што овој народ го заслужува – ветувања без покритие и лична корист за политичарите“.
Трајковски потсети дека партиската победа на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се чувствува во воздухот на Скопје, но не поради еуфорија, туку поради сметот што го прекрил градот. „Тоа не се само пренатрупани контејнери, тоа се споменици на благодарноста што Скопјани ѝ ја изразуваат на старо-новата власт“, напиша професорот, додавајќи дека ова е илустрација за тоа како властите „се мајтапат со своите граѓани“.
Во завршницата на својата порака, професорот упати апел до граѓаните да размислат пред следните избори:
„Кога следниот пат ќе го земете гласачкото ливче, не заборавајте – ако сакате Скопје да ви биде чисто, не е доволно да ја фрлите кесата во контејнер. Поважно е да ја фрлите илузијата дека тие што го донеле градот до ова дереџе можат и да го спасат.“
Со оваа порака, Трајковски уште еднаш ја отвори јавната дебата за политичката одговорност, граѓанската свест и реалните последици од изборните одлуки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден