03 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Од 1 јануари 2026 година Европската Унија официјално го активираше CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) – таканаречената јаглеродна царина, механизам чија цел е да ги изедначи трошоците за јаглеродни емисии меѓу компаниите во ЕУ и оние надвор од неа. Додека европските производители со години плаќаат за емисиите преку ETS системот (Emissions Trading System), производителите од трети земји досега извезуваа без ваков трошок. Тоа од денес се менува – а Македонија, како и многупати досега, ја пречекува оваа промена целосно неподготвена.
CBAM претставува механизам со кој ЕУ увозниците ќе мора да купуваат специјални сертификати за да ги покријат емисиите на CO₂ „вградени“ во производите што ги увезуваат. Првенствено се опфатени јаглеродно интензивните сектори: челик и железо, цемент, алуминиум, ѓубрива, електрична енергија и водород.
Иако формално обврската за плаќање е кај увозникот во ЕУ, економската реалност е јасна – трошокот ќе биде префрлен врз производителот, односно извозникот од Северна Македонија. Увозникот едноставно ќе ја намали набавната цена за износот што го плаќа за CBAM сертификатите.
Не постои фиксна сума. Трошокот зависи од:
Во моментов, цената на ETS дозволите се движи меѓу 60 и 100 евра по тон CO₂, а CBAM ќе ја следи истата динамика. За производи како челикот, цементот или електричната енергија од јаглен, ова значи драматично зголемување на трошоците при извоз во ЕУ.
Производството на 1 MWh електрична енергија од јаглен создава околу 1,1 тон CO₂. При цена од 80 евра по тон, тоа значи дополнителен трошок од околу 88 евра по MWh. Ако таа струја се продаде на европска берза за 100 евра/MWh, на производителот му остануваат само 12 евра – далеку под реалната производна цена од околу 110 евра/MWh. Резултатот е јасен: чиста загуба и практично стопирање на извозот на електрична енергија од јаглен.
Дел од CBAM трошокот може да се компензира доколку земјата на потекло има воведено сопствени јаглеродни давачки. Но, Македонија сè уште нема национален јаглероден данок. За разлика од нас, Србија воведе јаглеродна такса (иако симболична, околу 4 евра/тон), а Турција е во завршна фаза на сличен систем.
Наместо да воведе национален јаглероден данок од 20–30 евра по тон CO₂ и тие средства да ги задржи дома за инвестиции во обновливи извори на енергија, Македонија се откажува од тие приходи. Со тоа, практично ѝ подарува пари на ЕУ, а домашната економија останува без средства за декарбонизација.
Македонските извозници ќе се соочат со двоен притисок:
Доколку не можат да докажат реални емисии, ќе бидат оданочени по највисоките „дифолт“ вредности – што дополнително ја влошува состојбата.
Најпогодени ќе бидат:
Во вакви услови, компаниите имаат само три опции: да го намалат производството, да се пренасочат кон пазари надвор од ЕУ или да се затворат.
Целта на ЕУ е јасна – да го обесхрабри „валканото“ производство и да ги натера производителите да инвестираат во чиста енергија. Единствениот одржлив излез за Македонија е:
CBAM не е административна формалност, туку сериозен економски предизвик. Доколку државата не реагира навреме, последиците ќе бидат јасни: намалена профитабилност, изгубени пазари и постепено уривање на извозната индустрија.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

