05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
„Она што го видовме од Златев на 4 јуни во емисијата Само вистина беше срамно и недолично. Неговото однесување беше дрско, простачко и уличарско, недостојно за јавен настап и уште помалку за новинар.“ – изјави професорката по француски јазик, Дореана Христова од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.
Настапот на новинарот Златев, кој беше во дебата со Трајановски на Канал 5, предизвика лавина реакции во јавноста. За разлика од смирениот и аргументиран пристап на неговиот соговорник, Златев, според Христова, покажал сервилност и медиумска послушност, каква што, како што таа вели, ретко се гледа дури и во најполаризираните медиумски системи.
Христова потенцира дека особено навредлива била употребата на термини како „петтоколонаши“, кои во политички и историски контекст имаат тежина и носат опасност од стигматизација. Според неа, токму Златев во таа емисија бил симбол на „мулти-сервилна служба“ на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, со што, како што вели, се става во позиција каде со право може да биде наречен дел од медиумски клан што ја манипулира јавноста и работи против интересите на граѓаните.
„Порано имавме подобро мислење за него и за медиумот што го водеше,“ додава Христова. „Жалосно е што се сведува на гласноговорник на политичка агенда, со крајно штетни последици – вклучително и влијание врз европските претставници, како што е Томас Вајц, кој под очигледно политичко влијание, замижува пред сериозни извештаи, како оние за малтретирани македонски Бугари.“
Професорката повикува на сериозно преиспитување на улогата на ваквите новинари и уредници во медиумскиот простор, предупредувајќи дека ваквите појави не само што ја поткопуваат професионалноста, туку и ја загрозуваат демократијата.
„Да, медиумите се важни и заслужуваат почит. Но, се’ додека се водат од луѓе како Златев, ќе продолжат да бидат дел од проблемот, а не дел од решението,“ заклучува Христова.