МАКЕДОНИЈА

Проф. Христова: Мицкоски намерно предизвикува конфликти и ја злоупотребува патриотската реторика

29 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Професорката по француски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Дореана Христова, остро го критикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за, како што вели, неговото „максимално глупирање“ и компромитирање на македонската нација каде и да се појави. Во својот јавен статус, Христова го обвинува Мицкоски дека со своите постојани провокации и негирања се обидува да се истакне, но единствениот резултат е „константно минусирачки“ за него и за државата.

Според Христова, Европската унија не смее да се навраќа на веќе решени прашања, кои биле поздравени и усвоени со аплауз, благодарение на ангажманот на македонските интелектуалци блиски до СДСМ.

„Мицкоски намерно ужива да нервира со своето јазично незнаење и со постојаното барање кавги, што не му служи на чест“, посочува професорката, цитирајќи го во таа прилика бугарскиот поет Христо Ботев:
„патриот е, душа дава, ама не својата душа, туку душата на народот.“

Таа се осврна и на конкретен јазичен пропуст при неодамнешен разговор меѓу министерот Тошковски и тогашниот српски министер за полиција, при што не бил користен современиот македонски јазик, туку, како што Христова наведува, се зборувало на „модерен српски јазик“, што предизвикало сериозни сомнежи во врска со транспарентноста на соработката меѓу македонската и српската полиција.

Христова потсетува дека во македонските учебници терминот современ македонски јазик се користи токму за да се избегнат дијалектализми и непотребни заемки.

Во објавата, професорката се осврнува и на однесувањето на српскиот функционер Ивица Дачиќ, кој, според неа, без срам ја вратил во Србија оградата од вилата „Билјана“ во Охрид, подарок од Тито, што дополнително го оцени како срамен чин за македонските власти кои тоа го дозволиле.

„Навистина се срамиме од секој непопуларен, инфантилен гест на Христијан Мицкоски“, завршува Христова во својот коментар.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени