македонија13 февруари 2025 Приведен дилер од Тетово баран со потерница
Вво 12.00 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.З.(47) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопштија од МВР.