09 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Тетово отвори истражна постапка против жител на селото Фалише, осомничен за кривично дело „Задоволување полови страсти пред друг“ согласно член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, на јавно место – автобуска постојка во Тетово – осомничениот се самозадоволувал пред четиригодишно девојче и нејзината мајка. Мајката и детето веднаш побарале помош од друго лице кое се наоѓало во близина, по што осомничениот се покрил и избегал од местото на настанот.
По проценка на јавниот обвинител дека постојат законски основи за мерката, до Основниот суд во Тетово беше поднесен предлог за притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и му одреди притвор во траење од 30 дена.