13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Судот определи притвор за четири лица осомничени за вооружениот инцидент што се случи на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во кој едно лице го загуби животот, а повеќе други беа доведени во опасност.
Според информациите од Јавното обвинителство, е издадена наредба за спроведување истражна постапка против тројца возрасни и едно дете.
Едно од осомничените лица се товари за кривично дело „Убиство“ по член 123 став 2 точка 3 од Кривичниот законик, како и за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ (член 396) и „Тешки дела против општата сигурност“ (член 292 во врска со член 288). За истите дела како соизвршител е осомничено и малолетно лице, против кое постапката се води согласно Законот за правда за децата.
Истражна постапка е поведена и против уште две лица, осомничени за „Убиство во обид“ (член 123 во врска со член 19), како и за поседување и трговија со оружје и загрозување на општата сигурност.
Инцидентот се случил на 10 август, кога првиот осомничен и малолетникот, роден во 2010 година, користејќи автоматски пушки, пукале кон автомобил „Голф“. Притоа, смртно го застрелале возачот, а совозачот добил тешки телесни повреди опасни по живот. Едно дете, родено во 2012 година, кое се наоѓало во близина, било погодено во ногата. По нападот, осомничените го напуштиле местото на настанот.
Јавното обвинителство информира дека истрагата продолжува, со цел целосно расветлување на настанот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден