30 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) одбил да исплати надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, поради тоа што не исполнуваат законскиот услов од најмалку шест месеци врзан работен стаж пред настанот.
Документацијата што ја доставиле неколкумина од одбиените до редакцијата на „Слободен печат“ открива дека иако се работи за лица со тешки изгореници, кои не можат да работат и кои биле хоспитализирани и лекувани над 40 дена во странство, подрачната канцеларија на ФЗОМ во Кочани ги одбила нивните барања за надомест. Во решенијата стои дека поради тоа што тие се вработиле по октомври 2024 година, а боледувањето им почнува на 16 март 2025 година – не го исполнуваат условот за шест месеци непрекинато осигурување.
„Бидејќи осигуреникот има здравствено осигурување помалку од 6 месеци пред настанување на случајот, барањето се одбива како неосновано“, стои во едно од решенијата за одбивање.
Како последица, овие преживеани од најголемата трагедија во поновата македонска историја сега се оставени на милост и немилост – дел добиваат плата благодарение на разбирањето на своите работодавачи, но живеат во неизвесност колку долго таа поддршка ќе трае.
Проблемот не е ограничен само на приватниот сектор. И вработени во државни институции, кои немале шестмесечен стаж, се соочуваат со иста судбина – немаат право на државно платено боледување. Иако формално постапувањето на ФЗОМ е во рамки на законите, повредените апелираат дека оваа ситуација е исклучителна и бара исклучок од правилата.
Тие повикуваат Владата и надлежните институции да најдат правен механизам – било преку владина одлука, законски амандман или посебен акт – кој ќе овозможи материјална сигурност за да можат да се фокусираат на долгорочното лекување и рехабилитација, наместо на секојдневниот страв од егзистенцијален колапс.
Случајот на преживеаните од „Пулс“ отвора сериозни прашања за флексибилноста на системот во кризни ситуации и дали постојните закони доволно ги штитат најранливите во моменти на катастрофа.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници