19 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Скандал повторно ја тресе македонската јавност поради одбивањето на одредени политички претставници да се изразуваат на службениот македонски јазик. За втор пат, по јавниот настап на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците и пратеникот Арбен Шаку, слична постапка следеше и од страна на претседателот на Алтернатива, Зеќиија Ибраими.
Ибраими, кој е дел од коалицијата ВЛЕН, предизвика реакции откако на јавно обраќање повторно се обрати исклучиво на албански јазик, при што изјави дека „не знае доволно добро македонски“. Оваа изјава дојде во контекст на обврската на функционерите да комуницираат со јавноста на официјалниот јазик на државата.
Ова не е првпат Ибраими да предизвика контроверзии. Тој остана запомнет по настаните на 27 април 2017 година, кога во Собранието на Република Македонија ја испеа албанската химна, што од дел од јавноста беше оценето како провокација во еден исклучително чувствителен политички момент.
Однесувањето на претставниците на ВЛЕН повторно ја отвора дебатата околу употребата на службените јазици во институциите на државата и прашањето за почитувањето на уставните и законските норми од страна на избраните претставници.
Нотарите бараат повисоки тарифи: „Земаме помалку од адвокатите за исти услуги“
Комисијата: Говорот на омраза кон Бугарите на Фејсбук е етничка дискриминација
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес