Претставници на бугарски здруженија од Македонија на официјална средба во Софија
Претставници на бугарски здруженија од Македонија остварија официјална средба во Народното Собрание на Република Бугарија со г. Костадин Костадинов, претседател на политичката партија „Преродба“, и г. Ангел Ангелов, заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи на Бугарија.
На средбата се разговараше за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат Бугарите во Македонија, особено во контекст на почитувањето на човековите права, случаите на репресија и политичките притисоци. Од бугарска страна беше изразена силна и јасно дефинирана поддршка за правата на оваа заедница, притоа нагласувајќи ја нивната доследна позиција и црвени линии кои нема да бидат нарушени.
Од македонска страна, на средбата присуствуваа Борче Костевски од Струга, претседател на здружението „Струмичка петорка“, и Зоран Мрсески од Гевгелија, претседател на здружението „Бугари Југ“. Тие ги претставија ставовите на бугарската заедница во Македонија и укажаа на потребата од поголема поддршка и заштита на нивните права.
Оваа средба претставува продолжување на соработката меѓу бугарските институции и претставниците на бугарската заедница во Македонија, со цел зацврстување на врските и заштита на националниот идентитет и човековите права.