09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваше на глобален настан во Франција, домаќин на кој беше претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Настанот, кој се одржа во рамките на третата конференција на Обединетите Нации за океанот, обедини голем број светски лидери во заедничка мисија – зачувување на природата и создавање одржлива иднина.
„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот Макрон, на настан којшто има за цел да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот“, истакна претседателката Сиљановска Давкова во својата објава на социјалните мрежи.
Меѓу присутните беа и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Заедно, лидерите разговараа за итната потреба од „мир со природата“, што Сиљановска го посочи како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото.
Таа му изрази благодарност на францускиот претседател за одличниот прием и организација на конференцијата, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во справувањето со климатските предизвици и зачувувањето на океаните.