21 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 20 март 2026 година, околу 21:10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од НЈПБ Кавадарци лишиле од слобода две лица, и двајцата жители на градот.
Станува збор за А.Б. (47) и М.М. (37). При извршен претрес во домот и помошните простории на А.Б., спроведен по наредба на Основниот суд Кавадарци, каде што во моментот бил затекнат и М.М., била пронајдена и одземена наркотична дрога – марихуана.
По приведувањето, лицата биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Надлежните институции продолжуваат со активностите за сузбивање на недозволената трговија и поседување на дрога.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

