10 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Христијан Мицкоски, предизвика остри реакции со неодамнешната изјава во која го нарече бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев „глушец“, а себеси „лав“. Тој го нарече Георгиев и „момче“, алудирајќи дека е без самостојност и инструмент на нечија туѓа волја.
Овој речник не е само личен напад – тој е класичен пример на говор на омраза, деградација и дехуманизација. А кога таков говор доаѓа од највисок политички врв во државата, последиците не се само дипломатски – тие се цивилизациски.
Наместо да демонстрира зрелост и дипломатска одмереност во чувствителен момент за меѓусоседските односи, Мицкоски избра да покаже сила преку навреди. Тоа е одлика на слаби лидери, а не на државници. Вистинскиот лав не вика на глушецот – тој стои достоинствено, со свест дека силата се покажува со трпение, не со викање.
Но она што е уште поважно од стилот на изразување е пошироката политичка рамка.
Северна Македонија не може да стане членка на Европската Унија ако не покаже јасна и доследна посветеност на европските вредности. А тие не се празни зборови на хартија – тие значат почитување на човековото достоинство, одговорна политичка реторика, толеранција, и отфрлање на секој облик на омраза или дискриминација.
Говорот на омраза, особено кога е институционализиран, се смета за еден од најтешките прекршувања на принципите на владеење на правото и демократијата – столбови на Европската Унија. Европската комисија во своите извештаи постојано укажува дека земјите-кандидати мора да демонстрираат практична примена на европските стандарди – не само формално усогласување на закони.
Со вакви изјави, премиерот не само што ја навредува соседна земја и го поттикнува националистичкиот наратив, туку и ја оддалечува Северна Македонија од ЕУ, наместо да ја приближува.
Граѓаните на Северна Македонија сакаат подобра иднина, мир, стабилност и перспектива во европското семејство. Тие не гласаа за конфронтации, политичко препукување и деградација на соседите. Европа бара партнери што градат, не што рушат.
Ако Северна Македонија навистина сака да стане дел од ЕУ – мора јасно да покаже дека нејзините лидери зборуваат европски, не со јазикот на омраза, туку со јазикот на одговорност, почит и достоинство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден