04 февруари 2026
• од Гоце Кически
Сообраќајот на магистралниот пат А1 Прилеп – Градско е целосно во прекин во двата правци на планинскиот превој Плетвар, кај крстосницата за село Ореовец, поради јавен собир на околу 150 лица од ромска националност кои протестираат против измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Според информациите од АМСМ, блокадата започнала во 11:30 часот, при што на коловозот се поставени возила, гуми и други предмети, со што е оневозможено движењето на возилата во двата правци на овој фреквентен патен правец.
Паралелно, делумна блокада е регистрирана и во Кичево, кај касарната, каде што е затворена една сообраќајна лента во правец од Скопје кон Охрид. Возилата се пренасочуваат по регионалниот пат кон Осломеј, додека сообраќајната лента од Охрид кон Скопје е проодна.
Од АМСМ информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Дополнително, намалена видливост од 30 до 40 метри поради магла е регистрирана на патниот правец Попова Шапка – село Лисец.
Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на движење на условите на патот и да ги следат информациите за состојбата на патиштата пред да тргнат на патување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

