13 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во вчерашните попладневни часови, околу 17:45 часот, во скопската полиција било пријавено тешко сообраќајно незгода на улицата „Максуд Садик“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете–пешак.
Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што било пренесено за укажување лекарска помош.
Од СВР Скопје информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа, која ги презела сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за сообраќајката.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден